Силен земјотрес го погоди источниот дел на Камчатка

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на рускиот полуостров Камчатка, соопшти денеска регионалниот огранок на Геофизичката служба на Руската академија на науките.

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил на 84 километри од селото Уст-Камчатск, на длабочина од 103 километри, јавуваат агенциите.

Засега нема информации за евентуални жртви, а спасувачите извршиле увид на значајните инфраструктурни објекти и утврдиле дека нема штета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето