Силен пад на кинеската индустриска добивка во април

Сподели со своите пријатели

Профитот на најголемите кинески индустриски компании падна во април поради мерките за затворање кои го нарушија производството, како и повисоките цени на суровините, покажаа во петокот податоците на кинеското Национално биро за статистика.

Loading...

 

Романија го враќа МИГ-21 во употреба поради војната во Украина

 

Во април индустрискиот профит падна за 8,5 отсто на годишно ниво. Ова е најголем пад од почетокот на 2020 година.

Во периодот јануари-април, индустриската добивка порасна за 3,5 отсто, побавно од растот од 8,5 отсто забележан во првиот квартал.

 

Путин: Западот ја преценува својата сила, никој не е толку силен

Loading...

 

Податоците објавени на почетокот на мај покажаа дека индустриското производство паднало за 2,9 отсто во април во однос на истиот месец минатата година.

Долготрајното заклучување во Шангај изврши силен притисок врз кинеските производствени активности и извоз.