Си и Макрон: Мировните разговори се приоритет

Сподели со своите пријатели

Денеска е последниот ден од официјалната посета на францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Кина.

Loading...

Европското дуо денеска ќе отпатува за Гуангжу на југот на Кина, каде ќе се сретне со студенти.

Макрон, да потсетиме, вчера го повика својот колега Си Џинпинг да ја „вразуми Русија“ за војната во Украина и да не испраќа оружје во Москва.

Францускиот претседател, кој пристигна во Пекинг во средата, јасно стави до знаење дека сака да ја одврати Кина да ја поддржи руската инвазија на Украина.

„Подготвени сме да повикаме на преговори што е можно поскоро“

„Знам дека можам да сметам на вас да ја вразумите Русија и да ги доведете сите страни на преговарачка маса“, му рекол Макрон на Си за време на билатералната средба.

Си, пак, по средбата изјави дека е подготвен да повика што поскоро обновување на преговорите заедно со Франција.