Си го офарбал кучето како панда, па на туристите им наплаќал за фотографија со него (фото)

Сподели со своите пријатели

Фотограф од селото Монастир, близу Сочи, го офарбал своето куче од расата чау-чау за да личи на панда, а потоа за пари им нудел на туристите да се фотографираат со него.

Шокираните жители повикале полиција кога виделе дека на туристите им нуди фотографирање со младенче од панда, но кога полицајците пристигнале сфатиле дека се работи за офарбано куче.

Фотографот, чие име не е соопштено, бил сретнат на влезот во селото, а обвинет е дека има и младенче лав, кое исто така го изнајмува за фотографирање.

Руските обвинители навеле дека ќе продолжи истрагата, како и дека ќе поднесат обвинение за злоставување животни кои ги мачел и држел на температура од над 40 степени целизусови за да позираат со туристите.

Loading...