Си Џинпинг и Лукашенко се сретнаа во Пекинг

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска се сретна со белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој е во неколкудневна посета на Пекинг.

Loading...

По пристигнувањето во големата сала на народот, на Лукашенко му беше приреден свечен пречек, придружуван од почесна гарда, пренесува белоруската агенција БелТА.

По тој повод беа интонирани химните на двете земји.

Си го поздрави белорускиот лидер и по фотосесија, лидерите меѓусебно ги запознаа своите делегации.

На крајот на свечената средба, шефовите на двете земји започнаа официјални разговори со членовите на делегацијата.