Шведскиот крал го укина кралскиот статус за пет внуци

Сподели со своите пријатели

Кралот Карл Густаф од Шведска го намали бројот на членовите на семејството кои ќе добијат пари од средствата на даночните обврзници со тоа што одлучи да го укине статусот на кралско височество за пет негови внуци.

Loading...

Имено, внуците на кралот ќе ги задржат титулите принц или принцеза, или војвода или војвотка, но нема да ги извршуваат кралските должности.

Одлуката значи дека внуците на Карл Густаф, на возраст меѓу една и пет години, веќе нема да добиваат годишен „џепарлак“, апанажа што им се плаќа на членовите на кралското семејство од буџетот.

Не се однесува на двете деца на престолонаследникот на Шведска, принцезата Викторија, на принцезата Естела и нејзиниот помал брат, принцот Оскар.

Кралската палата на Шведска објави дека децата на принцезата Мадлин (37) и нејзиниот сопруг Крис О’Нил и децата на принцот Карл Филип (40) и принцезата Софија нема да можат да извршуваат службени должности.

Тоа е принцезата Леонара (5), принцот Николас (4) и принцезата Адриена (1), како и принцот Александар (3) и принцот Габриел (2).

Родителите на пет деца исклучени од кралските должности, принцот Карл Филип и неговата сопруга принцезата Софија, како и принцезата Мадлин и нејзиниот сопруг Кристофер О’Нил ја поздравија одлуката на кралот на социјалните медиуми.

Принцезата Медлин напиша на Инстаграм дека промената „им дава можност на децата да го обликуваат животот како приватни лица“.

Loading...

Нејзиниот брат, принцот Карл Филип, на истата социјална мрежа напиша дека неговите деца сега имаат опција „да прават повеќе слободни избори во животот“.

Мадлин во моментов живее во Мајами и работи во Светската фондација за детство, која е основана од нејзината мајка, кралицата Силвија, а принцот Карл Филип и неговата сопруга Софија ќе продолжат да работат во свои добротворни цели.

Шведското кралско семејство за прв пат ги измени правилата за сукцесија во 1980 година, според кои наследник на престолот е првородено дете, без оглед на полот.

Leave a Reply