Шведска: Законот за пандемијата истече, повеќето мерки се укинати

Сподели со своите пријатели

Шведскиот закон за пандемијата истече во петокот, што значи дека владата повеќе нема овластување да воведува рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на Ковид-19.

Loading...

Од петок, нема повеќе мерки за следење на контактите или самоизолација, а Ковид-19 не се смета за закана за јавното здравје.

 

Како се живее во Русија по острите санкции воведени од Западот?

 

Повеќето рестриктивни мерки во скандинавската земја веќе се укинати на 9 февруари.

Владата и здравствените власти го оправдаа потегот со фактот дека Швеѓаните биле високо вакцинирани и имале блага клиничка слика на омикронската варијанта на вирусот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран