Шведска: Парламентот го усвои законот неопходен за влез во НАТО

Сподели со своите пријатели

Во средата, шведскиот парламент со големо мнозинство усвои закон со кој ѝ се дозволува на земјата да се приклучи на НАТО, кој сè уште бара ратификација од сите 30 членки на воената алијанса.

Loading...

Усвојувањето на законот беше последната домашна пречка на патот на Шведска кон НАТО, пренесува Ројтерс.

Шест од осумте партии застапени во парламентот беа за членство во НАТО, а самиот чин на гласање, кој следеше по речиси седумчасовна расправа, се сметаше за формалност.

Од 349 пратеници за тој закон гласаа 269, против беа 37, а отсутни 43.

– Членството во НАТО е најдобриот начин да се заштити безбедноста на Шведска – рече министерот за надворешни работи Тобијас Билстром и го нарече „историски настан“ и „една од најважните безбедносни одлуки на сите времиња“ за Шведска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што ја очекува Европа ова лето, по рекордниот топлата пролет?

Со влезот во НАТО, Шведска ќе стави крај на двовековната воена неутралност. Шведска и нејзиниот сосед Финска аплицираа за влез во НАТО во мај 2022 година, по руската инвазија на Украина.

Уште две земји од НАТО – Турција и Унгарија – треба да ја ратификуваат заедничката апликација на нордиските нации.

Приемот на нови членки бара едногласно одобрување од постојните членки на НАТО.

Loading...