Швајцарските часовници ја загубија глобалната војна

Сподели со своите пријатели

Познатиот швајцарски часовник ја загуби глобалната војна. Поточно, во 2019 година, „епл воч“ ја надмина целата швајцарска индустрија за часовници со продажбата.

Loading...

Фирмата за истражување на пазарот Stratizi Analytics проценува дека Епл минатата година испорачала 30,7 милиони парчиња од својот смарт часовник ширум светот, споредено со 21,1 милиони продадени од сите швајцарски брендови заедно.

Ова се најскапите часовници во светот – цени и до 30 милиони долари (видео)

„Аналогните часовници сè уште се популарни кај постарите потрошувачи, но помладите купувачи се движат кон паметните часовници“, се вели во извештајот.

Додава дека традиционалните швајцарски производители на часовници ги губат битките против „паметните часовници“.

Носивата категорија на Епл која вклучува „епл воч“ и „ер подс“ безжични слушалки силно расте.

Зошто сите часовници во рекламите покажуваат исто време? (видео)

Loading...
Image by fancycrave1 from Pixabay

Во последниот квартал од 2019 година, овие категории донесоа повеќе од 10 милијарди американски долари нето-продажба, што е за скоро 27 проценти во однос на истиот период претходната година.

Во меѓувреме, извозот на швајцарски часовници достигна 20,6 милиони во 2019 година, покажуваат податоците на Федерацијата на швајцарската индустрија за часовници.

Кога прецизноста за производство часовници станува уметност (видео)

Ова не вклучува продажба во Швајцарија, што доведе до зголемување податоците од Stratizi Analytics.

Извозот на швајцарски часовници опадна за 13 проценти во однос на минатата година.

Епл го претстави својот прв паметен часовник во 2014 година, а шест години подоцна стана светски лидер.

Leave a Reply