Швајцарија од денеска во Советот за безбедност на ОН

Сподели со своите пријатели

Швајцарија од денеска за прв пат е непостојана членка на Советот за безбедност на ОН во име на група западни земји, а меѓу петте нови непостојани членки со двегодишен мандат се Еквадор, Јапонија, Малта и Мозамбик.

Loading...

Советот за безбедност на ОН има 15 членки, од кои пет се постојани со право на вето – Франција, Велика Британија, САД, Кина и Русија, а 10 се избираат за период од две години, но секоја година се заменуваат пет членки.

Непостојаните членови се избираат на регионална основа.

Во непарните години во Советот за безбедност на ОН влегуваат по една земја од Африка, Азија и Латинска Америка и две од групата западни земји, а во парни години две земји од Африка и по една од Азија, Латинска Америка и Источна Европа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Саудиска Арабија реагираше на неуспешното усвојување на резолуцијата за прием на Палестина во ОН

Парна година е почеток на мандатот на арапската членка.

Од новите непостојани членки, најголемо искуство има Јапонија, а ова и е 12-ти двегодишен мандат во Советот за безбедност на ОН, а најмалку се Мозамбик и Швајцарија, чии претставници првпат ќе седнат во тоа тело.

Денеска почнува третиот и вториот мандат на Еквадор во Советот за безбедност на ОН.