Шумски пожари викендов во кумановско и липковско

Сподели со своите пријатели

Три шумски пожари викендов се регистрирани на подрачјето на кумановскиот и липковскиот регион.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, дабова, нискостеблеста шума и сува трева гореле во атарот на селата Скачковце и Орашац, односно месноста Бегова Корија. Тројца пожарникари излегле на терен во 11:55 часот, а на терен им помагале и еден вработен во Шумско Стопанство Куманово и двајца мештани.

Огнот успеале да го изгаснат во 17:35 часот, но притоа изгорена е површина од четири хектари.

Во атарот на селото Гошинце, липковско, гореле сува трева и нискостеблеста шума, како и гранки од дабова шума. Интервенирале двајца пожарникари од ТППЕ Куманово и тројца вработени во Шумското стопанство. Огнот бил гаснат во период од 12:30 до 19:15 часот.

Нискостеблеста и дабова шума со површина од 30 хектари изгоре во селото Виштица. Околу 15 часот на терен изглегле само двајца шумочувари од Шумско стопанство Куманово, бидејќи поради непристапноста на теренот кумановските пожарникари биле вратени назад. Интервенцијата на шумочуварите траела од 15:00 до 20:14 часот кога успеале да ги изгаснат пламените јазици.

Leave a Reply