Шумски пожар во село Орашац

Сподели со своите пријатели

Сува трева, дабова и нискостеблеста шума изгореа во пожар во атарот на селото Орашац, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Четворица пожарникари со едно возило излегле на терен во 16:12 часот, а интервенцијата ја завршиле до 21:10 часот кога на терен останал еден вработен во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ за да ја контролира ситуацијата и да не дојде до повторно распламнување на огнот. Засега не е позната површината која била опожарена.

Инаку вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово интервенцирале и на две други локации каде горела сува трева. Во месноста Слатина маала, на потегот помеѓу селата Тромеѓе и Младо Нагоричане интервенирале тројца пожарникари во период од 11:20 до 13:45 часот.

Интервенција бележат и во селото Проевце каде исто така интервенирале тројца пожарникари.

фото: архива

Loading...