Шумски пожар беснееше во Матечје

Сподели со своите пријатели

Сува трева, дабова шума и нискостеблеста шума вчера изгореа во селото Матејче, инфомираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарот кој избувнал околу 12:50 часот го гаснел  вработени во Шумско Ктопанство Куманово, тројца пожарникари од ТППЕ Куманово, како и тројца мештани и двајца полицајци од ПС Матејче.

Во пожарот изгореле три хектари сува трева, дабова шума и нискостеблеста шума.

Во урбани средини во текот на вчерашниот ден регистрирани се уште неколку пожари на запалена сува трева.

Запалена сува треца горела во атарот на село Романовце, каде во период од 12:55 до 14:20 часот интервенирале тројца пожарникари. Само  околу еден час подона повторно во истото село избувнал пожарот, по што пожарникарите се вратиле и интервенирале до 16:15 часот.

На улицата „Михајло Пупин“, тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева во период од 15:’5 до 16:45 часот.

Во атарот на селото Пчиња, во период од 17:10 до 20:57 часот гореле сува трева, стрниште и лозја.

Leave a Reply