Шумски пожар беснеел во Липково, регистрирани уште седум помали

Сподели со своите пријатели

Голем шумски пожар завчера беснеел на територијата на општина Липково, кој е една од осумте интервенции кои изминатото деноноќие ја имале кумановските пожарникари.

Пожарот кој избувнал околу 17 часот завчера зафатил сува трева и нискостеблеста мешана шума на теиторијата на селата Руница, Стража и Ваксинце. Во гаснењето учествувале кумановските пожарникари кои вршеле дотур на вода со цистерни, како и 10 вработени од Шумско стопанство Куманово. Пожарот бил ставен под контрола околу полноќ и на терен останале шест вработени од ШС Куманово за да вршат контрола пожар да не се активира повторно.

Во текот на вчерашниот ден, вработените од Територијалната противпожарна единица Куманово гаснеле уште седум други помали пожари.

Првата интервенција вчера била во период од 14:02 до 14:50 часот, кога троја пожарникари гаснеле запалена сува трева во атарот на село Младо Нагоричане.

Сува трева горела и во селото Жегљане, каде во период од 14:05 до 16:40 часот интервенирале тројца пожарникари, а речиси паралелно во ист период сува трева горела и во населбата Ајдучка Чешма.

Скоро идентично било времето на пријавување на уште три пожари на запалена сува трева и тоа во населба Карпош во 14:33 часот, три минути подоцна во село Коинце, дест минути подоцна или во 14:50 часот во селото Бабин Дол каде се интервенирало до 15:30. Токму во истиот момент нов пожар на запалена сува трева избувнал повторно во Младо Нагоричане.

Последниот пожар вчера, како што додаваат од Регионалниот центар за управување со кризи бил во близина на наплатна рампа Романовце каде се интервенирало од 17:15 до 18:15 часот.

Leave a Reply