ШУМА НА НОЖЕВИТЕ: Прекрасен пејсаж, но никој не успеал да дојде до самиот крај (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Строгиот природен резерват и Национален парк „Тсинги де Бемараха“ на Мадагаскар е вистинско чудо на природата кое се наоѓа под заштите на УНЕСКО од 1990 година.

 

Loading...

 

Се протега на површина од околу 1.500 километри квадратни во северозападниот дел на Мадагаскар, а нуди некои од најспектакуларните природни пејсажи во светот.

 

 

Поголемиот дел од порачјето е прекриено со густа мангрова шума, мочуришта, како и неверојатни геоморфолошки структури. Со својата убавина посебно се истакнуваат реките Манамболо, како и брјните висорамнини кои на некои делови се издигаат и над 100 метри височина.

 

Loading...

 

Камената шума „Тсинги“ на Мадагаскар поради своите високи и шилести врвои на варовничките карпи, кои ги обликувале специфичните меторолошки услови и водата, наречена е шума на ножевите.

 

 

Истовремено, се работи за тешко достапно подрачје кое не е можно да се премине во целост и не е до крај истражено. Самиот збор „тсинги“ на локалниот малгашки јазик се преведува како место по кое не може да се оди со боси нозе.

 

 

Во пописот на Светската градина во Африка овој парк се наоѓа поради својот биодиверезитет. Се проценува дека 87% од видовите тука се ендемични. Тоа се 11 видови лемури, 5 семејства слепи глувци, 103 видови птици и 34 видови водоземци, вклучувајќи го и познатиот минијатурен камелеон (Brookesia perarmata).

 

Loading...

 

Шумите во овој парк се суви, а во источниот дел продолжуваат во савани. Од 605 видови растенија, 85% се ендемични.