Што значи кога ќе ве чешаат одредени делови од телото?

Сподели со своите пријатели

Дали сте знаелче што значи кога ќе ве чеша темето на главата, или што значи кога ќе слушнете зуење во левото уво, а што кога ќе ве чеша табанот на левата нога?

Во народот се раширени многу верувања за тоа што значи кога некој дел од телото ќе ви затрепери. Многу секојдневни појави кај луѓето во старите времиња биле поврзани со прорекнувањето на иднината, а тие „теории“ и ден денес можат да се слушнат од постарите.

Доколку ве чеша:

Темето на главата – значи добивка или дека ќе добиете син

Задниот дел од вратот – некоја личност ќе ви донесе дарови

Темето на главата од десна страна -ќе судите за некој

Темето на главата од лева страна – ќе имате весел провод

Челото – до вас ќе пристигнат лоши вести

Десно уво – ќе слушнете добра вест

Лево уво – ќе слушнете лоша вест

Брада – ќе го сретнете стариот пријател

Десна дланка – ќе давате пари

Лева дланка – ќе добиете пари

Стомак – ќе бидете почестени од некого

Десно колено – во куќата ќе најдете богатство

Лево колено – нешто лошо ќе ви се случи

Десна Пета – радост и добри вести

Лева пета – некој ќе ви приговара

Десен табан – ќе одите на пат

Лев табан – очекувајте големо богатство

Доколку ви „заигра“/затрепери:

Челото измеѓу очите – ќе одите на пат

Горниот дел од десното уво – очекувајте борба и караници

Горниот дел од левото уво – ќе добиете добра вест

Десната веѓа – вашите деца ќе напредуваат

Левата веѓа – среќа и благосостојба

Двете веѓи – очекувајте веселба

Десно око – се што ќе посакате тоа ќе ви се и оствари

Лево око – ќе доживеете почитување

Горниот капак на десното око – веселба во семејството

Долниот капак на десното око – ќе склопите ново пријателство

Горниот капак од левото око – ќе добиете машко дете

Долниот капак од левото око – ќе добиете лоша вест

Целиот нос – лоши вести и болест

Една страна од носот – ќе имате големи грижи

Горните усни – ќе ви пристигнат гости

Долните усни – ќе докажете дека сте во право

Двете усни – ќе се бакнувате со некој

Десното рамо – ќе бидете здрави

Левото рамо – ви пристига тага

Десен лакт – ќе бидете во големо друштво

Доколку ви „заѕвони“:

Десното уво – добри вести и голема веселба

Доколку ви заѕвони левото уво – лоши вести кои ќе ви донесат тага