17.08.2019 10:39

Што треба да промените во животот ако постојано се чувствувате уморно?


Ако и покрај тоа што доволно спиете, постојано се чувствувате уморно, ве мачат главоболка и недостаток на концентрација, можеби причините треба да ги барате во начинот на исхраната.

Возрасна жена треба дневно да внесува 18мг железо, додека мажите 8мг. Доколку не внесувате доволно железо, може да развиете анемија, затоа што на нашето тело железото му е неопходно за стварање на хемоглобин, супстанци и црвени крвни зрнца кои им овозможуваат да го пренесуваат кислородот низ телото.

loading...

Ако на вашите клетки им недостасува кислород, тогаш ќе се чувствувате уморно и деконцентрирано. Покрај тоа, забележително е избледувањето на кожата, крути нокти и ладни екстремитети.

Жените често патат од недостаток на железо, посебно ако имаат обилни менструални крварења. Истото важи и за спортистите, веганите, поединци кои често донираат крв или имаат состојба која отежнува нивото тело да апсорбира одредени нутриенити.

Железото може да се добие во суплементи, но често знаат да го иритираат желудникот, да предизвикуваат киселини, па лекарите препорачуваат надокнадување на железо преку исхраната.

Треба да се напомене дека з аоптимална апсорпција на железото е неопходно внесување на витаминот Ц.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments