Што се случува со вашето тело откако ќе престанете со цигарите?

Сподели со своите пријатели

Во чадот од цигари се наоѓаат над 7.500 штетни хемиски соединенија, меѓу кои има и 80 канцерогени, за кои е медицински докажано дека може да предизвикаат рак.

Доспеваат во секој дел од телото и се одговорни за настанување на карцином на белите дробови во скоро 90% од случаите. Во значителен процент предизвикуваат и карцином на грлото, јајници, желудник, дебело црево, црн дроб, панкреас, грло на матка итн.

Кај третина од заболените од сите малигни болести, цигарите се виновник за смртниот исход. Еве што позитивно се случува ког аќе престанете да пушите.

Само 20 минути по гасење на цигарата, крвниот притисок и пулсот се нормализираат, како и темепратурата во рацете и нозете затоа што цигарите ја блокираат циркулацијата и ја забрзуваат работата на срцето. по 12 часа од последната цигара, нивото на јаглерод моноксид опаѓа, а на кислородот расте до нормално ниво во крвта.

Веќе по два дена, нервните завршетоци започнуваат да се регенерираат, а осетот за мирис и вкус полека се подобрува. Истовремено, бесот и вознемиреноста поради апстиненцијата од цигари достигнуваат врв.

По година дена од престанување на пушењето, ризикот од сите коронарни болести двојно се намалува, како и веројатноста за смртност од карцином на белите дробови.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.