Што се случува со телото кога човекот ќе премрзне до смрт?

Сподели со своите пријатели

Овонеделниот поларен вртлог доведе до ледени, акртички температури во поголемиот дел од САД и тој студен воздух дури довел до ситуација некои луѓе да премрзнат до смрт.

Loading...

Кога температурата ќе се спушти ниско, премрзнувањеро и хипотермијата се реални здравствени проблеми. Меѓутоа, смртта од студенило може да се случи и кога телото не е буквално смрзнато.

Хипотермија

Нормалната телесна температура на човекот обично е околу 37 степени целзиусови. Хипотермија се јавува кога температурата на телото се спушта на околу 35 степени или подолу. Луѓето можат да ја искусат хипотремијата во релативно студени, но не и премрзнувачки температури на воздухот – околу од минус еден до минус 10 степени, особено ако се влажни, на пример од дожд, пот или влегување во студена вода. Телото губи топлина околу 25 пати побрзо во вод аотколку во воздух, пишува „Лајв сајенс“. Но, хипотермијата на овие релативно студени температури е невообичаена.

Меѓутоа на температури длабоку под нулата, ситуацијата драстично се менува.

На минус 34 степени, здрава личност која не е адекватно облечена за студот, може да доживее хипотермија за само 10 минути. На минус 40 до минус 45 степени, хипотермија може да се јави од 5 до 7 минути.

Падот на телесната температура спречува најважните органи да работат исправно, вклучително и мозокот и срцето.

Неправилното функционирање на срцето доведува до намален проток на крв во многу органи, доведувајќи го телото во состојба на шок и зголемувајќи го ризикот од состојби како што се откажување на црниот дроб и бубрезите, рекол др. Роберт Глатер.

Loading...

Најмладите и највозрасните се изложени на поголем ризик од хипотермија, затоа што обично имаат послаб срцев мускул, додал тој. Покрај тоа, постарите лица почесто земаат лекови како што се бета блокатори кои можат да ја успорат работата на срцето, што дополнително го зголемува ризикот за развој на хипотермија на студенило.

Симптомите на блага хипотермија, како што се тресење, слабост и збунетост, поставени се кога температурат ана телото паѓа под 35 степени, рекол др. Мајкл Савка.

Како понатаму паѓа температурата на телото, се јавуваат нови симптоми. Со телесна температура од 33 степени луѓето доживуваат амнезија, кога паѓа на 28 степени, се губи свеста, а испод 21 се наоѓаат во длабока хипотермија при што може да дојде до смрт.

Рекорд за најниска температура на телото која возрасна личност успеала да ја преживее е 13,7 степени, а тоа се случило затоа што била потопена во студена и ледена вода подолго време.

Ако не се лекува, хипотермијата може да доведе до целосен престанок на работата на срцето и на крајот до смрт.

Како нашето тело се брани од хипотермија?

Човековото тело е издржливо на студенило, затоа што имаме два вградени механизми кои не штита од студените услови. Откако тој леден воздух ќе удри во вашето лице, телото ќе се обиде да се изолира од студенилото така што ќе ја премести крвта од кожата и надворешните екстремитети, како што се прсти на рацете и нозете, кон јадрото. Овој процес се нарекува вазоконстрикција и помага во ограничување на количеството топлина која ја губите.

Втор одговор на вашето тело е тресењето, што создава топлина и помага да се покачи телеснате температура.

Loading...

Премрзнувања

Иако екстремните услови често се потребни за да дојде до хипотермија кај здрава личност, премрзнувањата се почести во лоши временски услови.

Прстите се склони кон премрзнување, затоа што тие области имаат намален проток на крв при ниски температури, затоа што телото се обидува да ги задржи внатрешните органи потопли. Иако стапалата обично се заштитени со обувки, температурите на ножните прсти можат да бидат многу ниски, а ако се потите, влажноста ќе извлече повеќе топлина од тоа подрачје. До премрзнување не може да дојде ако температурата на воздухот е над нулата.

Колку ќе ви биде потребно да развиете премрзнувања зависи од условите. На пример, ако е минус 18 степени со студен ветер поради кој ќе имате чувство дека е минус 28 степени, можете да добиете премрзнувања за 30 минути, но ако е минус 26 степени со студен ветер па имате чувство дека е минус 48 степени премрезнувате за само пет минути.

Leave a Reply