Што се случува кога ќе се обидете да фотокопирате банкнота од 50 евра? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Уште на самиот почеток да потенцираме, не предлагаме фотокопирање на банкноти, и не обидувајте се да го правите тоа, особено затоа што станува збор за кривично дело.

Loading...

Јутубер, по прекарот „Caepa Cool“, кого го следат околу 43.000 луѓе, направи експеримент за да види што се случува ако се обидете да ги фотокопирате банкнотите во обичен фотокопир.

Тој користеше банкнота од 50 евра и резултатите ги изненадија него и неговите следбеници.

По првиот обид за копирање, фотокопијата од самата банкнота имаше бели линии по целата должина.

Потоа, тој одлучи да се обиде да додаде друг предмет за копирање за да види што ќе се случи.

На третиот обид, тој покри дел од банкнотата со бела лента и конечно успеа да го го измами уредот и да ја копира банкнотата без линии, но очигледно е дека дел од банкнотата е покриен.

Ако размислувавте да се збогатат со фотокопирање на банкноти, мора да ве разочараме затоа што е повеќе од очигледно дека станува збор за копија, и видете како сето тоа изгледа во видеото.

Leave a Reply