Што се крие зад римската „Порта на пеколот“? Сѐ што се доближило до нив умрело! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пештерата, која античките Римјани ја нарекувале „Порта на пеколот“ и ја сметале за влез во подземниот свет, имала смртоносна тајна, за која научниците веруваат дека сега ја сфатиле.

Loading...

Секое животно што би се приближило до влезот на таа пештера умирало, додека свештениците престојувале на истото место, без да им фали нешто.

Цел милениум подоцна, научниците успеале да дојдат до теорија што ја објаснува оваа чудна појава и веруваат дека причината зошто животните умреле е облак од концентриран јаглерод диоксид што би го задушил секој што го вдишува.

 

 

Областа околу пештерата била користена пред околу 2.200 години, а повторно била откриена во 2011 година благодарение на археолозите од Универзитетот во Саленто, пишува „Science Alert“.

Сместена е во античкиот град Хиераполис, во денешна Турција. Се користела за жртвување животни, водејќи бикови низ портата на Плутон, како дел од тој бог на подземниот свет.

Loading...

Кога еден свештеник водел бик во арената која се наоѓала испред и била поврзана со пештерата, гледачите кои седеле над арената гледале како избива пареа од портата на Плутон, убивајќи ги животните.

– Тој простор е полн со пареа, толку густа што едвај ја гледате земјата. Секое животно што ќе помине внатре, веднаш умира. Вметнав врапчиња и тие веднаш паднаа и умреа – напишал грчкиот историчар Страбон, кој живеел од 64 п.н.е. до 24 г. н.е.

 

 

Овој феномен всушност ги привлекол археолозите да ја истражуваат околината. Птиците што летале во близина на пештерата се задушувале и паѓале мртви, покажувајќи дека и денес е смртоносна.

Виновник е сеизмичката активност под земја, тврди вулканологот Харди Фанц од Универзитетот во Дуизбург Есен во Германија, кој водел истражување на гасовите во пештерата во 2018 година.

Според него, пукнатината што води длабоко под тој регион емитира големи количини на јаглерод диоксид од вулканско потекло.

Loading...

Научниците го измериле нивото на јаглерод диоксид во арената поврзана со пештерата и откриле дека гасот, кој е потежок од воздухот, формира „езеро“ со „длабочина“ од околу 40 сантиметри над подот на арената.

Гасот ќе се распрсне под влијание на сонцето преку ден, откриваат научниците, и тој бил најсмртоносен во зората, бидејќи се акумулирал во текот на ноќта.

Опасноста од гас се зголемувала сè поблиску до земјата, бидејќи неговата концентрација се зголемувала. На самото тло, концентрацијата достигнувала дури 50 проценти, на 10 сантиметри од земјата 35 проценти, што е доволно за да убие човек, но на 40 сантиметри од земјата драстично паѓал.

 

 

Научниците проценуваат дека концентрацијата на гас во самата пештера била од 86 до 91 процент во кое било време од денот, бидејќи во неа не влегува ниту сонцето, ниту ветрот.

– Додека бикот стоел во „езеро“ гас со устата и ноздрите на висина од 60 до 90 сантиметри, носот на свештениците, кои инаку биле избрани да бидат високи, бил многу повисок, над смртоносното ниво на гас – наведуваат научниците и додаваат дека постојат докази бидејќи свештениците некогаш стоеле на камен за да бидат повисоки.

Loading...

Гледачите би виделе колку големи, силни бикови веднаш паѓаат мртви, додека свештениците стојат, што било сведоштво за моќта на боговите и свештениците.

Научниците тврдат дека свештениците знаеле за овој механизам, па затоа честопати принесувале жртви во зори, за да може ефектот да биде што посилен и тие ги ставале главите во самата пештера, задржувајќи го здивот, за да ги воодушеват присутните.

 

Leave a Reply