Што пронајдоа археолозите откако по два века го отворија гробот на Исус? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Гробот на Исус, односно неколку метри висока и широка мермерна куќичка, беше отворен од грчки конзерватори пред четири години, првпат по скоро два века, а камерите го забележаа моментот кога погледаа во гробницата, кога беше откриено што има внатре.

Loading...

„Отворањето на гробницата ќе им овозможи на експертите единствена можност да ја испитаат оригиналната позадина на најсветото место на христијанството“, напишаа репортерите на „Нешнл географик“ кои присуствуваа на настанот за документарниот филм.

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ: Пронајден брод од времето на Исус (ФОТО)

„Морам да признаам дека колената ми се тресеа“, рече Фред Хиберт, археолог од „Нешнл географик“.

Гробницата е заштитена со децении со метална конструкција која одржува мермерни блокови кои биле еродирани од времето и влијанието на илјадници аџии и туристи.

Мермерната плоча била преместена на три дена поради реновирање и археолошка анализа, а фотографот успеал да го фотографира местото каде што, според верувањето, има карпа зад која било положено телото на Исус.

Дел од Исусовата колевка се враќа во Витлеем

Сликата на Исус може да се види во тесниот дел под плакетата, а конзерваторите пронајдоа уште неколку материјали што ги испратија на анализа.

Loading...

Едикулата, која се наоѓа под куполата на црквата, изградена на местото на карпата во која наводно почива Исус, а по чистењето, сè било вратено на своето место.

Мермерните плочи биле исчистени и конзервирани, а само скршените и кревки делови биле заменети.

 

Leave a Reply