Што пронајдоа археолозите од Музеј Куманово на локалитетот Црквиште?

Сподели со своите пријатели

Завршија археолошките ископувања на локалитетот Црквиште во кумановско Клечовце, информираа денеска, археолозите од националната установа музеј Куманово.

Loading...

Ископувањата, појаснија стручните биле концентрирани околу просторот на базиликалната градба -црква, која е откриена во 2014-та година.

-Црквата е целосно истражена, се концентриравме на градбите кои што биле додавани на црквата кои потекнуваат од различни временски периоди и она што годинава го пронајдовме се простории анкетирани на јужниот и северниот ѕид од црквата кои што ги потврдија нашите претпоставки дека се работи за една од најстарите сакрални градби во овој дел од Македонија, сега засега единствена проучена христијанска црква во кумановскиот регион, но и многу важна за развојот на ранохристијанството за цела Македонија, бидејќи имаме податоци дека крајот на 4 и почетокот на 5 век е изградена црквата, што ја прави една од најстарите досега истражени кај нас-изјави ракводителот на проектот и археолог, Дејан Ѓорѓиевски.

Од кумановскиот Музеј се надеваат дека Министерството за култура, за оваа година ќе одвои средства за заштита на објектот, бидејќи веќе е истражен 40 метри од просторот на кој му е неопходна итна конзервација.

Ѕидовите веќе се заштитетни превентивно и останува година или две, Националниот конзерваторски центар, Министерството за култура и НУ Музеј Куманово да најдат начини за заштита, конзервација и реставрација на црквата за да биде достапна на туристите.

-Доколку тоа не се направи, ќе се врати во првобитна состојба, односно по документацијата ќе се затрупа црквата што ќе биде штета, бидејќи има огромен туристички потенцијал на Куманово и вреди да се инвестира-изјави Ѓорѓиевски.

Локалитетот Црквиште, како што информираат надлежните, нуди можност да се открие развојот на една римска населба во христијанска и да се објасни континуитетот што тој го имал во својот развиток се до 11 век.

Инаку, локалитетот е лоциран во близина на магистралниот пат кој води кон Бугарија на мошне пристапен терен, така што неговото целосно откивање ќе овозможи привлекување на домашни и странски туристи.

Loading...

Leave a Reply