Што е дислексија и кои се причините за нејзино настанување

Сподели со своите пријатели

Дислексијата во голема мерка го отежнува совладувањето на училишниот материјал, а главно ја имаат учениците. Причина се гените и псхосоцијалниот фактор. Дислексијата е пречки во развојот и стекнување на способности за читање. Проблеми можат да се јават и кај брзината и течноста при читање, како и точност на разбирање на прочитаното.

Дислексијата се јавува и кај децата со просечна и надпросечна интелигенција со добар вид и слух.

Овие податоци со создавање на адекватна мотивација и соодветни психосоцијални услови претставува вистински начин за воспоставување на дијагноза.

Ова е важно бидејќи под поимот дислексија неоправдано се сврстува и некое друго пореметување. Постојат деца кои погрешно се изедначуваат со дислексичните, бидејќи имаат понизок коефициент на интелигенција, па следствено на тоа поспоро созреваат и отежнато учат.

Како причини за настанување се наследство и психосцијални фактори.Бидејќи девојчињата се сметаат за подобри читателки, ова пореметување е почесто кај момчињата.

преземено од мама365