Што ако сте испиле лек со изминат рок? Дали е опасно?

Сподели со своите пријатели

Одеднаш ви се појавила силна главоболка и посегнавте по таблетата кој долго стоела во една од фиоките?

Loading...

Дури кога сте го испиле сте виделе дека рокот на траење на пакувањето е доста застарен.

Ќе се отруете или ништо нема да ви се случи? Ова е дилема со која се соочуваат многумина.

Веднаш да ве утешиме – не сте направиле никаков фатален потег.

 

 

Ако аспиринот, ибупрофен или некој друг лек против болки се складира правилно, ништо значајно нема да ви се случи.

Loading...

Вистина е дека ефективноста може да се намали со текот на времето, но, верувале или не, голем дел од првобитната моќ на лекот сè уште останува дури и ако неговиот рок на траење е истечен (таблетите и капсулите се најстабилни).

Исклучоци се течни антибиотици, инсулин, нитроглицерин. Овие лекови имаат т.н. тесен терапевтски индекс, така што малото намалување на фармаколошката активност може да доведе до сериозни последици за пациентите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Знаци на недостаток на железо! Зошто оваа супстанца е толку важна?

ПРАВИЛНО ЧУВАЊЕ

Датумот на истекување на пакувањето навистина значи нешто, но не она што веројатно мислите.

 

 

Од 1980-тите, фармацевтските компании се обврзани да ставаат печат на рокот на употреба на сите нивни производи, а тоа сè уште е гаранција за целосна сила и безбедност на лекот или додатокот.

Ставањето лекови на ладно, темно место или во фрижидер исто така може да им помогне да останат силни подолго време.

Loading...

Тогаш 88 отсто од нив го задржуваат квалитетот и имаат продолжен рок на траење повеќе од една година.

НЕ СЕ САМО ПАРИ ВО ПРАШАЊЕ

Многумина од вас веднаш ќе забележат дека сè за рокот на траење на лекот е дизајнирано од производителите за да добијат повеќе пари.

Овде веројатно има вистини, но не смеете да го заборавите ниту овој детаљ: конкуренцијата меѓу нив е жестока и мора постојано да вложуваат напори за подобрување на квалитетот на лековите и суплементите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пијте го овој напиток четири дена и изгубете 10 сантиметри во срукот

Имено, доколку постојано го тестираме рокот на траење на овие многу важни производи за здравјето на подолги периоди, би го забавиле процесот на создавање нови, подобри формули.

 

 

ВНИМАВАЈТЕ НА ОВА

Така, доколку долго време користите лек или помагало и ако ви помогнале, а сте налетале на производ на кој истечен рокот во фиока, не би било лошо да набавите ново, свежо пакување на прва можност.

Loading...

Треба да го знаете и ова: ако лекот ја променил бојата, има различен вкус или мирис, дури и кога не му истекол рокот, однесете го кај фармацевт и побарајте совет или побарајте да го замените.

ОВА Е ВАЖНО

Никогаш не фрлајте ги неискористените лекови во тоалет или во корпа за ѓубре. Однесете ги во аптека, фармацевтот безбедно ќе ги отстрани.

ВНИМАВАЈТЕ

Кога фармацевтот ќе нагласи или ќе каже во упатството за употреба дека треба да го разредите антибиотикот во вода, тој автоматски ќе ја промени неговата стабилност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои промени ќе се случат во организмот ако нагло престанете да пиете кафе?

Во овој случај, рокот на траење е максимум една до две недели. Ако користите капки за очи, задолжително запишете кога сте ги отвориле, бидејќи тие обично имаат максимален рок на траење од четири недели.

Доколку продолжите да ги користите, постои опасност да добиете бактерии во очите, кои со текот на времето ќе се размножуваат во капки.

 

Loading...

 

ШТО ЗНАЧАТ ОВИЕ ЗНАЦИ?

Се почесто се користат лекови и суплементи на странски фармацевтски компании, на чии пакувања или во упатството има различни етикети за рокот на употреба.

Еве што значат тие:

expiry – истекува

Loading...

expiry date – датум на истекување на рокот

expires, exp, exp date – застарува

use by – да се користи од

use before- да се употребува потоа