Шпанија побара од Америка да ја премести контаминираната почва во Невада

Сподели со своите пријатели

Шпанската влада го активираше документот потпишан од Вашингтон и Мадрид во 2015 година, со кој се предвидува дека САД ќе пренесат почва контаминирана со плутониум во пустината Невада по нуклеарната несреќа од областа Паломарес во општина Алмерија.

Loading...

Шпанската влада испрати официјално барање до САД да го пренесат земјиштето, а според Ел Паис, нема официјален одговор од Вашингтон.

Агенцијата наведува дека несреќата се случила во 1966 година, кога американски бомбардер Б-52 и танкер КЦ-135 се судриле за време на операција за полнење гориво, при што биле пуштени четири термонуклеарни бомби, од кои две биле пронајдени непроменети, а другите две експлодирале и ја контаминирале целата област со плутониум.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јамајка ја призна државата Палестина

По несреќата, САД ја започнаа операцијата „Скршена стрела“, кога стотици американски војници и неколку работници од шпанскиот Одбор за нуклеарна енергија (ЈЕН) добија задача да ја исчистат областа, само два месеци по инцидентот.

Диктатурата на Франко ја прогласи работата за решена со познатото капење на тогашниот министер за внатрешни работи, Мануел Фрага, на плажата во Алмерија, како и надоместоците што режимот и американската војска им ги подели на жителите на Паломарес.

„Проблемот не е само во чистењето на областа, туку каде потоа се носи контаминираната почва“, изјавил градоначалникот на Куевас де Алманзора, Антонио Фернандез, Ел Паис.

Во 2015 година беше постигнат политички договор меѓу Шпанија и САД, без никаква законска обврска, според кој Шпанија ќе биде задолжена за чистењето, а САД ќе бидат задолжени за чување на радиоактивната почва, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран