Шпанија: Мигранти патувале 11 дена на кормило на танкер

Сподели со своите пријатели

Шпанската крајбрежна стража соопшти дека спасила тројца мигранти, скриени на кормило на танкер, кој пристигнал на Канарските острови по неколкудневно пловење.

Loading...

Тројца мажи биле пронајдени на танкер со нафта кој вчера пристигнал во Лас Палмас по 11-дневно патување од Лагос, Нигерија, а завршиле во болница поради дехидрација, пишува Гардијан.

На фотографијата објавена од крајбрежната стража се гледаат мажи кои седат на чело на брод што плови под знаме на Малта.

Тие биле пренесени во пристаништето, а оттаму биле префрлени во болница поради дехидрација и хипотермија, пишува британскиот весник.

Ова не е прв пат мигранти да се кријат на кормило на брод. Во октомври 2020 година, четири лица се засолниле на кормилото на танкер со нафта од Лагос, криејќи се 10 дена пред да бидат откриени од полицијата кога бродот влегол во Лас Палмас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Бројот на мигранти кои преминуваат од Северна Африка кон Канарските Острови е драстично зголемен од 2019 година, според Гардијан.