Шпанија го сака Косово во ЕУ, но само како регион на Србија

Сподели со своите пријатели

Мадрин не попушта во својот став на самопрогласено Косово да ги блокира евроинтеграциите, пишуваат „Вечерње новости“ и додаваат дека Шпанија ќе го прифати Косово во ЕУ, но само како регион на Србија.

Тоа е потврдено и од шпанското министерство з анадворешни работи од каде порачуваат дека официјален Мадрид во тоа нема да попушти.

– Ставот на Шпанија за непризнавањето на еднострано прогласената декларација за независноста на Косово е заснована врз одбраната на принципите на територијалниот интегритет на државата, почитувањето на меѓународното право и владеењето на правата, изјавиле за „Новости“ од службата за односи со јавност при МНР на Шпанија.

Весникот наведува и дека стиауцијата со Каталонија трајно го зацврстила односот на Шпанија кон прашањето со Косово. Мадрид не сака да слушне за никакви преседани, затоа што тогаш, меѓу другото, тоа би можеле да го искористат и некои нејзини региони.

 

Loading...