Шпан: До крајот на зимата сите во Германија ќе бидат вакцинриани, оздравени или умрени

Сподели со своите пријатели

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска предупреди дека брзото зголемување на бројот на новозаразени укажува дека веројатно до крајот на зимата ќе бидат заразени сите невакцинирани во земјата, како и дека некои од нив ќе умрат.

Loading...

Официјалните податоци за изминатите 24 часа во Германија покажуваат повеќе од 30.000 новопотврдени случаи, што е зголемување за околу 50 отсто во споредба со пред една недела, пренесува АП.

Установите за интензивна нега се при крај со капацитетите

Германските болници предупредија дека објектите за интензивна нега се речиси исцрпени, а некои пациенти мора да бидат префрлени во други оддалечени клиники.

Министерот за здравство Шпан ги повика Германците да се вакцинираат, вклучително и да добијат бустер доза од вакцината, доколку со првите две дози биле вакцинирани пред повеќе од шест месеци, за да се намали ризикот од сериозна болест.

„До крајот на оваа зима, речиси сите во Германија ќе бидат вакцинирани, оздравени или умрени“, изјави Шпан за новинарите во Берлин.

Тој призна дека некои го опишале овој став како циничен.

– Но, тоа е вистина. Со многу заразна делта варијанта е многу, многу веројатно и затоа препорачуваме вакцинација што е можно поскоро – рече министерот.

Loading...

Шпан рече дека има доволно дози вакцина

Тој, исто така, се обиде да ја ублажи загриженоста дека Германија ја снемува вакцината Biontek / Pfizer, велејќи дека има доволно дополнителни дози на Модерна вакцина на располагање за да се задоволи побарувачката во остатокот од годината.

Тој рече дека Германија има 50 милиони дози вакцини од компаниите „Бионтек“ и „Модерна“, кои им се достапни на граѓаните до крајот на годинава, што е доволно за првата, втората доза, како и за бустерот.

Шпан предупреди дека Германците кои биле вакцинирани со Biontek/Pfizer не ја избегнуваат вакцината на Модерна за засилувачка доза, бидејќи 16 милиони дози од оваа вакцина се изложени на ризик да истечат во првиот квартал од следната година доколку не се искористат.