Шолц го предупреди Западот: „Овие две земји се најголемата закана“

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц во напис за Форин аферс предупреди дека треба да се спречи создавање на блоковска поделба како во Студената војна, а апелираше за градење нови партнерства.

Loading...

Западот мора да застане во одбрана на демократските вредности и да ги заштити отворените општества, „но мора да го избегнеме и искушението повторно да го поделиме светот на блокови“, напиша Шолц.

„Ова значи вложување на сите напори во градење нови партнерства – прагматично и без идеолошки очила“, додаде тој.

Шолц особено ги истакна Кина и Русија како две земји кои претставуваат закана за мултиполарниот свет, каде што е потребно посилно европско и трансатлантско единство за да се надмине оваа закана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Трансатлантското партнерство останува клучно за да се одговори на предизвикот од заканата на Русија за напад на сојузничката територија, додека пак свртувањето на Кина кон изолација и нејзиниот пристап кон Тајван бараат Европа и Северна Америка да воспостават нови и посилни партнерства со земјите ширум светот, напиша германската канцеларка.

„Германците имаат намера да станат гарант на европската безбедност што ја очекуваат нашите сојузници, градител на мост во Европската унија и поборник за мултилатерални решенија за глобалните проблеми“, напиша Шолц.