ШОК ВО НАУЧНАТА ЗАЕДНИЦА: Издадена дозвола за вкрстување на човечко-мајмунски ембрион

Сподели со своите пријатели

Помалку гени и проучување на матични клетки секогаш биле контроверзни, но она што јапонскиот научник Хиромитсу Накаучи планира да го направи би можело да ја крене контроверзноста на целосно ново ниво.

Loading...

По година дена планирање, Накаучи добил дозвола од јапонската влада за спроведување на експерименти на ембрионот кој би требал да биде комбинација на човек и животно.

Тој веќе со години бара земја во која би го остварил својот сон – да одгледува човечки органи во тело на животно, за да во иднина таквите органи можат да бидат искористени за трансплантација. Јапонија се покажала како земја која е поготвена да дозволи ваков контроверзен експеримент.

Иако Накаучи добил дозвола за извеедување на својот експеримент и одгледување „хибриди од човек и животно“, тоа не значи дека веднаш ќе се започне со создавање фарма за такви суштества. Тој сака да оди полека, за да јавноста би го препознала значењето на таквото истражување.

Накаучи истакнува дека не очекува веднаш да успее да создаде човечки органи, но дека експериментот му овозможува да оди понатаму со истражување врз база на она што до сега го научил.

Leave a Reply