Шојгу го прашаа за крајот на војната во Украина: Руската телевизија брзо ја избриша снимката (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во интервју за медиумската куќа ТВ Звезда на руското Министерство за одбрана беше прашан како ќе заврши војната.

Loading...

Неговиот одговор беше пресечен во подоцнежните преноси.

Шојгу на прашањето одговори: „Секоја војна завршува со мир“.

На прашањето колку брзо може да се очекува мир во Украина, Шојгу се сврте и ја напушти просторијата.

Западните аналитичари сметаат дека рускиот претседател Владимир Путин сака да ја одолговлекува војната што е можно подолго за да ја ослаби поддршката што западните земји и ја даваат на Украина и да ја исцрпи земјата со постојана воена состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

На фактот дека поддршката на Западот за Украина со текот на времето може да ослабне, навести и претседателот на Чешка, кој изјави дека очекува со текот на времето да се намалува поддршката на Западот за Украина, пишува во средата германскиот весник Sueddeutsche Zeitung една од првите изјави на членка на НАТО која укажува на можен пад на поддршката за Киев.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.