Шкендија со пресврт го совлада Работнички, сигурна победа на Вардар

Сподели со своите пријатели

Главните фаворити за шампионскиот трофеј во фудбалското првенство на Македонија, Шкендија и Вардар забележаа победи во дуелите од 12. коло ва Првата лига.

Лидерот на табелата Шканија со пресврт го победи Работнички со 2-1, додека Вардар беше убедлив против последно пласираниот Скопје.

На мечот кој се играше во Тетово, екипата на Работнички поведе со голот на Џефри Чарлс  (34.минута), но шест минути подоцна (40) израмни Марјан Радески откако Ферхан Хасани од слободен удар ја погоди гредата, а во продолжение Емини го погоди дирекот. Победничкиот гол за тетовци го постигна Хасани од пенал во 82. минута, откако претходно Ибраими беше соборен од Садики во казнениот простор на Работнички.

На „Филип Втори“ шампионот Вардар долго се мачеше да го скрши отпорот на Скопје. Тоа конечно им успеа на вардаци во 40. минута кога Фелипе со прекрасен гол од 25 метри им донесе предност на црвено-црните. Во вториот дел шампионот постигна уште два гола. Максим Максимов во 68. минута зголеми на 2-0, а грузискиот интернационалец Џигаури во 86. минута ги постави конечните 3-0 за Вардар.

Предноста на домашниот терен ја искористи и Пелистер кој со 2-1 славеше против Ренова, додека преостанатите две средби завршија со минимални победи на гостите.

Силекс до победата од 1-0 против Шкупи стигна благодарение на автоголот на Бесарт Кривањева  во 15.минута, додека Мирослав Станиќ (45) беше стрелец на единствениот гол на мечот Академија Пандев – Победа во кој триумф славеа гостите со 0-1.

Табела: Шкендија 34 бода, Вардар 23 (-2 натпревари помалку), Силекс 22, Академија Пандев 21 (-1), Ренова 17, Работнички 16 (-1), Пелистер 15, Победа 15, Шкупи 15, Скопје 9.

Текст: МИА / фото: Дерби.мк

Loading...