Шише текила од 30.000 долари, ако сакате да се напиете треба да сте милионер

Сподели со своите пријатели

Една компанија која произведува текила направи вистински хаос на пазарот. Брендот Класа Азул, обично може да се најде на луксузните забави како премиери на филмови, доделување награди и забави на познатите. Цената на оваа текила по шиле изнесува измеѓу 87 и 26.280 долари (100-30.000).

Прв пат се појавила на пазарот во 1997 година. Мексиканскиот оснивач Артуро Ломели признава дека неговата прва текила била евтина и дека била спакувана со лепливи сомбрера и бркови.

Потоа се вратил во училиште за да добие магистратура за луксузен маркетинг за да може да го прослави својотбренд. Набргу развил далеку полуксузен производ во многу едноставно пакување.

Неговата текила се продава во рачно изработени и обоени керамички шишиња, кои личан на млин за бибер.

Започнаве да размислуваме за смислата на ексклузивност, да дедеме најдобро што можеме на оние кои тоа ќе го ценат. Не замислувавме дека редовно ќе продаваме скапи шишиња – вели тој.

Loading...

Продажбата на текила во САД е зголемена за 67% во текот на изминатата деценија, а неодамна е надмината продажбата на евтини сорти пријалоци.

Најскапата понуда во Класа Азул е 26.280 евра по шише која има и злато од 24 карати. Збирка од 15 луксузни флаши е креирана за прославата на Класа Азул.

Ова текила се проиведува во Мексико, но Ломели нема намера да ја продава на своите сонародници, иако ја продава на богатите туристина плажите во Канкун и Кабо Сан Лукас.

Наместо тоа, тој се концентрира на пазарите во Европа и САД. Во 2016 година компанијата продала 234.000 шишиња Класа Азул, а продажбата во однос на претходната година им пораснала за 46%.