Шилегов: Уставниот суд ги потврди изборните измами на Груевски (видео)

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Петре Шилегов денеска на прес конференција се обрати до јавноста по одлуката која денеска ја донесе Уставниот суд за можно помилување за изборни нерегуларности.

Шилегов вели дека со оваа одлука на како што истакна петте партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ во Уставниот суд, Никола Груевски ја признал вината на најблиските соработници за изборните нерегуларности.

Изборните грабежи и партизираните институции беа главните причини за политичката криза. Дали ваквата одлука на Уставен суд се носи со намера да се заштити Никола Груевски? Највисоки претставници на партијата на власт се веќе осомничени за злостроничко здружување за изборна измама. Потврдено и од Специјалното јавно обвинителство со покренатите постапки. Очигледно дека некој во врвот на ВМРО-ДПМНЕ многу добро знае за што се покренати постапките – изјави Шилегов.

Тој истакна дека Груевски се плаши од правдата и побара тој да исјзасни дали оваа одлука следува по негово барање.

Јавно предупредуваме дека СДСМ и граѓаните нема да дозволат на ваков начин ниту да се штити изборен криминал ниту да се превенира нечија намера за повторен изборен грабеж.Во Македонија ќе има слободни, фер и демокартски избори, со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми – вели Шилегов.

Потенцираше дека секој кој ќе го прекрши законот мора да одговара.