Шилегов: Како тоа сечените, лепени и монтирани материјали, одеднаш станаа прислушувани? (видео)

Сподели со своите пријатели

По денешното поднесување на предлог – закон од страна на Демократската Унија за Интеграција и ВМРО-ДПМНЕ во Собранието за престанување на објавувањето на аудио снимките од прислушуваните разговори, со реакција се јави Петре Шилегов кој во име на партијата рече дека одеднаш, сечените, лепените и монтираните материјали, станале прислушувани материјали.

Loading...

 – И тоа такви што треба да се забранат со закон. Нема поголемо јавно признание на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за автентичноста на скандалозните содржини во снимките од Вистината за Македонија, од овој потег. Многу се исплашени ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од материјалите од прислушувањето штом со закон бараат да се забрани нивно објавување, па и реобјавување. Ова не е дел од Договорот од 2 јуни / 15 јули, изјави Шилегов.

Според Шилегов и СДСМ, ваков закон ниту бил договорен, ниту бил дискутиран меѓу потписниците на договорот. Овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е обид да го нарушат преговарачкиот процес. Тоа нема да го дозволиме, изјави Шилегов.