Шилегов: Груевски денес побегна од јавноста и ги избрка новинарите (видео)

Сподели со своите пријатели

Денеска јавноста беше, за жал, сведок на торпедирање на Анкетната комисија за скандалот со прислушување, изјави Петре Шилегов по завршувањето на седницата на Анкетната комисија за прислушување, на која сведочеше Никола Груевски.

Loading...

Торпедирање на Анкетната комисија извршен од Никола Груевски, од причина што истиот одбра наместо јавно и транспарентно да ги даде и да ги понуди своите одговори пред македонската јавност, одбра камерите, медиумите, а со тоа и јавноста, да бидат исклучени од сослушувањето, испрашувањето и давањето изјава на Никола Груевски. Жално е што тоа навистина се случи бидејќи не разговаравме за никакви класифицирани податоци и толку би можел да кажам околу содржината. Односот на Никола Груевски кон Анкетната комисија, односот на Никола Груевски кон содржината на прислушуваните разговори, политичката одговорност е таква каква што е во изминатиот период, цело време. Навистина, ако ме прашате како човек, не како претседател на Комисијата  којшто имав можност да присуствувам внатре, не знам зошто беше побарано да биде оваа седница затворена. Прашањата ниту беа класифицирани, ниту одговорите, меѓутоа, толку за содржината, затоа што, согласно законот, нема да можеме да соопштуваме повеќе детали. Повторувам, се што се случуваше внатре, нема класификуван карактер и лага е дека всушност бил потребен мир.

Според Шилегов, за одговор на прашањата коишто биле поставувани не требало совршено да има мир внатре во салата.