Шилегов: Финансиската полиција да ги провери сите општини, не само Струмица и Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

Струмица и Куманово нема што да кријат. Постапките и јавните набавки се согласно законите, ова денес го изјави Петре Шилегов, портпарол на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со барање јавно да бидат објавени резултатите од спроведените контроли.

ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува институциите со намера да го сокрие криминалот во своите редови, на локално и централно ниво. Со ваквите постапки ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува пред јавноста да ги изедначи сите и да ги претстави како криминалци. Но во политиката, како и во животот, не сме сите исти. Гнездото на криминалот и корупцијата во Македонија е во раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Вистински хаос, криминал, корупција и финансиски скандали се случуваат во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ – вели Шилегов.

Тој како типичен пример за оваа негово тврдење го посочува градоначалникот на Битола, Талевски.

Финансиска полиција има обврска да ги провери сите јавни набавки во другите општини на државата и јавно да соопшти што пронашле. Притоа да обезбеди јавност и транспарентност во постапките. Финансовата полиција работи по допрен глас – вели Шилегов.

Тој истакна дека СДСМ ќе поднесе пријава до Финансиската полиција да ги провери јавните набавки за превоз на ученици во сите општини, како што тоа го прави во Струмица и Куманово, во спротивно како што истакна првите луѓе на Финансиската полиција ќе одговараат за несовесно, пристрасно работење и за во заштита на криминални активности.