Шестмина повредени при експлозија во британскиот град Лестер

Сподели со своите пријатели

Шест лица се повредени синоќа при експлозија во продавница во британскиот град Лестер.

Шестмината повредени се во тешка критична состојба и се пренесени в болница.

Според британската полиција, експлозијата не е поврзана со тероризам.

Во соопштението објавено на Твитер, локалната полиција наведува дека инцидентот ќе биде предмет на заедничка истрага со противпожарната служба.

– Во оваа фаза, нема индиции дека експлозијата е поврзана со тероризмот, се вели во соопштението.

Според локлани житело, експлозијата, што се случила околу 19 часот по локално време (20 часто по средноевропско време), била „огромна“.

Британската полиција ја оквалификува експлозијата како „голем инцидент” во кој „комплетно се уништени мини-маркет и куќа“.

Весникот „Дејли Мејл“ информира дека при експлозијата била уништена двокатна зграда, на чиј прв кат се наоѓала продавницата, а на вториот стан.

Се уште не е познато колку точно лица имало во продавницата и во станот за време на експлозијата./МИА

Leave a Reply