Шест прекршувања на ограничувањето на движење во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во периодот од 07.00 часот на 05.04. до 07.00 часот на 06.04.2020 година на подрачјето на Куманово регистрирани се шест прекршувања на мерката забрана за движење, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

– Преземени се мерки и активности, при што за три лица се земени податоци, а три лица се лишени од слобода и за истите ќе следи соодветен поднесок, стои во извештајот на МВР.

Со претходните 14 регистрирани прекршувања, во педесет и шестте часови полициски час на подрачјето на Куманово, до мерката не се придржувале вкупно 20 граѓани.

Никола Ивановски

Leave a Reply