Шест пожари изминатото деноноќие во кумановско

Сподели со своите пријатели

Шест интервенции бележат пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатите 24 часа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција била во населбата Вера Котрока, кога во близина на Искрин мост се запалила сува трева. Тројца пожарникари интервенирале во период од 10:50 до 11:40 часот.

Сува трева вчера горела и на улицата „Јоско Илиевски“, каде во 15 часот двајца пожарникари излегле на терен и огнот го изгаснале за 45 минути.

На запалено стрниште се интервенирало во селото Режановце во период од 15:10 до 16:10 часот, како и во близина на Филтер станицата во Куманово од 15:50 до 16:25 часот.

Во атарат на селата Проевце и Доброшане кај местата викани Пироќански лојза и Аниште интервенирале на запалено стрниште, сува трева, лојзе и шупа. Поради поголема површина на зафатеност на пожарот било интервенирано од 16:10 до 21:50 часот. Во гаснењето учествувале шестмина пожарникари со две противпожарни возила.

Во склад на компанијата „Козјак“ вчера горела сува трева и топола. Во период од 17:30 до 18:30 часот пожарникарите на ТППЕ Куманово успеале да го изгаснат и овој пожар.

Leave a Reply