Шест места кои изгледаат како рај, а всушност се пекол на земјата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Иако на око прекрасни, овие места важат за најсмртоносните во светот.

1. Езерото Асал, Џибути

Преубавото кратерско езеро Асал се наоѓа на 120 километри од Џибути и претставува најиска точна во Африка и една од најниските во светот. По езерото Дон Жуан, е второто најсолено езеро на планетата.

 

Loading...

 

Концентрацијата на соли во оваа место е неверојатни 34,8 отсто, поради што и одењето по брегот може да биде непријатно. Инаку во време на Еритрејско-етиопската војна, Џибути станал главен произведувач на сол во Етиопија, симнувајќи ја Еритреја од тронот.

 

 

2. Бикини корален остров

Самото име на оваа место делува како совршен избор за одмор од соништата, меѓутоа, вистина е дека на овој корален остров всушност е многу сурово.

 

Loading...

 

Поради честите нуклеарни тестирања, населението било приморано да ги напушти домовите. Иако растителниот и животинскиот свет денес цутат, подрачјето поради високото ниво на радијација и натаму е опасно за луѓето.

 

 

3. Мадиди национален парк, Боливија

Иако на прв поглед живописно, оваа место е многу опасно, со оглед дека е дом на најотровната флора и фауна во светот. Доколку дојдете во контакт со било кое од растенијата во овој парк ризикувате појава на силни сипаници, вртоглавица и чешање.

 

 

Опасност претставуваат и тропските паразити кои лесно можат да ја ифицираат раната или исеченицата на телото. Доколку веднаш не побарате лекарска помош, исходот може да биде фатален.

 

Loading...

 

4. Планина Вашингтон, САД

Планината Вашингтон снимена од воздух наликува на големо ледено кралство, а брзината на ветеро достигнува дури 327 километри на час, што е рекорд. Планината има највисок врв во североисточниот дел на САД кој достигнува 1.917 метри височина.

 

 

Постојаните силни врнежите и температурата која се спушта и до 40 степени под нулата, оваа место го прават многу опасно. Оние кои успеале да го освојат врвот, велат дека е исто како да се качувате на Монт Еверест.

 

 

Loading...

5. Афарска депресија, Етиопија

Афарската депресија многу научници го сметаат за најопасен регион, поради постојаната активност на вулканите Ерта Але. Имено секој ерупција предизвикува земјотреси кои го погодуваат тој регион, па така се создаваат нови провалии. Температурите се искачуваат до 64 степени.

Афарската депресија е позната и како Данакил и важи за најтоплото место во светот. Местото се наоѓа на 100 метри под нивото на морето, а магмата тече многу близу до површината, која ја загрева дождовницата и морската вода од блискиот брег, па така се сознава раствор на различни видови соли.

6. Дарваза гасен кратер, Туркемнистан

Дарваза или Вратата на пеколот, е едно од најопасните места во светот, пради постојаните ерупции на гасови кои предизвикуваат појава на отворен пламен во воздухот. Ако во овој предле минувате во текот на денот, не би имало што да ве импресионира. Меѓутоа, ноќе станува страшно, затоа што делува како на тоа место да се наоѓаат вратата на патот до подземјето.

 

 

Повеќе од илјада различни извори на пламен на 20 метри длабочина го прават пустинскиот воздух уште потопол. Некои од пукнатините на овој кратер испуштаат тиркизна светлина, што е особено интересно за окото на набљудувачите.

 

Loading...

 

На оваа место нема да видите сувенирници, ресторани или нешто слично, затоа што поради емисијата на гасови, со километри околу кратерот нема ништо.

Leave a Reply