Шест месеци власт на Џорџа Мелони: Културни војни и избегнување спорови со ЕУ

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го заузда евроскептицизмот и ја омекна запаливата реторика со која дојде на власт како лидер на екстремната десница, но додека на меѓународно ниво проектира стабилност со силна поддршка за Украина по руската инвазија, таа води културни војни внатрешно со инсистирање на националниот идентитет, одбрана на традиционалното семејство и спречување пристигнување на мигранти, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ) пишувањата на светските медиуми.

Loading...

Во шесте месеци откако стана на чело на најдесничарската италијанска влада од Втората светска војна, Мелони зборуваше остро кога се во прашање внатрешните прашања, притоа не предизвикувајќи бура на меѓународно ниво, наведува агенцијата Франс прес.

Нејзината партија „Браќата на Италија“, која влече корени во повоеното фашистичко движење, предизвика шок низ Европската унија кога победи на изборите во септември, по што таа стана премиерка во октомври, предводејќи ја коалицијата составена од анти-имигрантската лига на Маттео Салвини и десничарската Форца Италија на Силвио Берлускони.

За неколку недели, новата влада воведе закони за борба против масовната миграција и, откако вети дека ќе ги заштити традиционалните семејни вредности, им оневозможи на локалните власти да ги регистрираат децата на истополовите парови.

Самопрогласената „христијанска мајка“ ја ублажи својата поранешна запалива реторика и се обиде да проектира стабилност на светската сцена, вклучително и покажување силна поддршка за Украина по руската инвазија, истакнува АФП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Иако Браќата од Италија еднаш се залагаа за напуштање на еврозоната, Мелони внимаваше да избегне спорови со ЕУ.

Таа е свесна за потребата од економски кредибилитет и покрај тоа што подели милијарди евра за да им помогне на Италијанците да се справат со зголемената инфлација и даночните намалувања, таа вети дека ќе го намали колосалниот долг и дефицит на Италија.

Италија треба да добие скоро 200 милијарди евра од фондот на ЕУ за закрепнување по пандемијата до 2026 година, во замена за структурни реформи.

Loading...

Последната рата, која требаше да се случи во март, е одложена за понатамошни разговори со Брисел, но Мелони инсистира дека нема причина за загриженост.

Досега поддршката што ја ужива во Италија е стабилна – најновите истражувања покажуваат дека Браќата од Италија имаат 28,6 отсто поддршка од гласачите, што е над 26 отсто што партијата ги освои во септември.

Десничарската влада на премиерката Мелони спроведува закони кои ветуваат промовирање на националниот идентитет, одбрана на традиционалното семејство, заштита на културното наследство и спречување на пристигнувањето на мигрантите, според Ројтерс, истакнувајќи дека културните војни во Италија започнале.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Критичарите, сепак, велат дека законите имаат за цел да го прикријат фактот дека коалицијата се бори да постигне напредок во поважни области, како што е употребата на фондовите на ЕУ за закрепнување по пандемијата.

Минатиот месец, Брисел замрзна транша од 19 милијарди евра од постпандемиската помош, барајќи појаснување за напорите на Рим да ги исполни договорените цели потребни за да се добијат парите.

Кога Мелони ја освои власта минатата година, во Европа имаше загриженост за нејзините постфашистички корени, со стравувања дека таа ќе го следи авторитарниот пат на нејзиниот политички пријател, унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Сепак, таа избегна остра конфронтација дома и конфликти со Брисел, кој беше редовна мета на нејзината огнена реторика во претходните години.

Но, таа не отстапи од предизборните ветувања дека ќе биде строга во однос на миграцијата, истовремено нагласувајќи ја важноста на традиционалните семејни вредности, иако Италија веќе заостанува зад поголемиот дел од Западна Европа во однос на правата на ЛБГТ.

Loading...

По шест месеци, проектот за нормализација на италијанската лидерка е вознемирувачки успешен, иако нејзината влада останува закана за основните европски вредности, оценува левичарскиот Гардијан во уводникот.

Во странските медиуми главно исчезнаа неповолните написи за Мелона, вклучително и во либералните медиуми.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

На домашен фронт таа и нејзината партија имаат поголема поддршка на анкетите отколку што добија на изборите.

Според британскиот весник, за тоа придонеле новите економски и геополитички времиња, како и политичката острина на Мелони.

Нејзината влада, во обид да пристапи до средства од Брисел за закрепнување од пандемијата, води ортодоксна фискална политика, додека евроскептичната реторика е силно воздржана, а истовремено ги импресионира сојузниците на НАТО со својата гласна и силна поддршка за Украина.

За кратко време Мелони го постигна влијанието и угледот што секогаш ѝ бегаше на лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен.

Сепак, постојат јасни знаци дека нејзината влада ги покажува своите вистински авторитарни бои.

Реториката и пристапот на Мелони кон владата имаат повеќе заедничко со нелибералниот нативизам на Виктор Орбан, кого Мелони енергично го поддржуваше во неговите битки со Брисел, отколку со главните европски вредности.

Loading...

Трауматичното враќање на војната на европско тло и овозможи на Мелони да ја игра улогата на верен и лојален европски сојузник, што придонесе за детоксикација на нејзината репутација.

Сепак, заклучува Гардијан, тесноградиот национализам и нетолеранција што го поттикнаа политичкиот подем на Мелони остануваат закана за основните европски идеали.