Шест кумановски села денес без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Во период од 8:30 до 15:30 часот во текот на денешниот ден без електрична енергија ќе останат неколку села во Општина Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за селата: Пелинце, Враготурце, Челопек, Коинце, Муталово и Алгуња. Се работи за најавен прекин од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивниот систем со цел подобрување на услугата на корисниците.