Шерон Стоун се жали дека мажите бегаат од неа

Сподели со своите пријатели

Познатата холивудска дива и секс симбол, Шерон Стоун, светот се’ уште ја памети по нејзината позната сцена од филмот „Основен инстинкт“, која и денес важи за еден од најсекси моментите во филмската историја.

Loading...

Capture

Од снимањето на култните сцени до денес, поминаа 23 години, време кога Шерон Стоун ја доби титулата на секс-симбол.

Убавината, шармот и сексапилот ги задржала до денес, па редовно ги привлекува погледите каде и да се појави. Многумина би помислиле дека мажите ја облетуваат од сите страни, но таа тврди дека тоа е далеку од вистината.

„Би сакала кога мажите повеќе би ме облетувале. Тие бегаат од мене. Луѓето бегаат од мене. Луѓето поверуваа во таа приказна дека сум секс-симбол, но тоа не е вистина. Јас сум, всушност, девојка во широка облека и со торба полна книги. Луѓето се плашат од мене“ – рекла таа.

Шерон додала дека единствените мажи што денес обрнуваат внимание на неа се нејзините синови Роан, Лерд и Квин, кои ги посвоила.

„Сега се во такви години кога стануваат мали мажи. Почнуваат да ги носат моите торби и да ми отвораат врата. Ми оставаат пораки во автомобилот, нешто како: ’Ти посакуваме убав ден на работа’. Тие прават да се чувствувам убава и прават мојот живот да има цел“ – истакнала актерката.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *