Шефовите на државите побргу остаруваат и живеат помалку

Сподели со своите пријатели

Лекарите анализирале колку долго живееле претседателите од 17 држави, вклучувајќи ги Британија, Канада, Гранција, Германија и САД откако ќе истече мандатот, а во споредување со кандидатите кои ги загубиле изборите.

Loading...

Како што наведува американската агенција АП, истражувачите исто така споредиле колку е животниот век на шефовите на државите во споредба со животните очекувања за луѓе на нивни години и пол.

Во истражувањето се набљудувани животни на 279 претседатели и 261 противник на изборите, а заклучокот е дека поранешните претседатели живеат скоро три години помалку од очекуваното.

Значајно се губат неколку години од животот. Водачите веројатно чувствуваат дека националните приоритети се поважни од правилната исхрана и вежбањето – вели еден од авторите на студијата, др. Анупам Џен од медицинската школа на Универзитетот Харвард.

Тој додава дека поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон признал дека често јадел брза храна.

Можеби неговиот начин на живот би бил поразличен да постоеше мирот во светот – додава Џена.

По истекување на мандатот, Клинтон имал операција на срцето, а изгубил на килажата и станал веган за да се бори со срцевото заболување.

Друго истражување покажало дека претседателите на САД всушност живеат подолго од нивните избирачи.

Стресот поради водење на земајта може да го забрза процесот на белеењето на косата или брчките на лицето, но незначи дека тие ќе умрат порано – вели професорот Џеј Олшански од Унивезитетот Илиноис во Чикаго.

Неговото истражување на поранешните шефови на државите покажува дека тие имаат подолг животен век, делумно поради тоа што се дел од тој 1% светска популација со високо образование, богатство и подобар пристап до здравствена заштита за разлика од останатите.

Меѓутоа, дури и претседателот на САД, Барак Обама неодамна се пошегувал со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој скоро десет години е помлад од американскиот претседател, за тоа како врвните политички позиции во земјата можат да го забрзаат проесот на стареењето, па така го советувал да започне да си ја бојадисува косата за да не му побеле.

Loading...