Шарена револуција повторно низ улиците во Куманово (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Околу 1.500 граѓани по петти пат излегоа на улиците во Куманово за да го изразат револтот од одлука за аболиција на политичарите осомничени за криминални дејствија.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”348″]

 

Со парола „Шарена револуција“ протестот започна од пред Основниот суд каде на улицата „11-ти Октомври“ беа исфрлени неколку ќеси со боја во знак на поддршка на протестантите низ целата држава. Потоа протестот продолжи по улицата „Доне Божинов“ каде со скандирања се бараше оставка од Иванов, но и повлекување на срамната одлука за аболиција. Од таму протестантите со скандирање „Робија те чека Никола“ продолжија по булеварот „Октомвриска револуција“ од каде протестот продолжи по улицата „Иво Лола Рибар“, а од таму преку градскиот плоштад повторно се вратија пред Основниот суд.

Лошите временски услови не ги спречија луѓето мирно и демократски да го искажат револтот на улиците низ градот, а протестот беше обезбедуван од минимален број полициски службеници.

За утре во 19 часот повторно е најавен протест пред Основниот суд.