Шангај објави план за економско закрепнување и ревитализација

Сподели со своите пријатели

За да ја координира контролата на Ковид 19 со економскиот развој, градската управа на Шангај во неделата започна акционен план за забрзување на економското закрепнување.

Loading...

Пакетот од 50 точки вклучува мерки во осум сектори, главно за намалување на притисокот во бизнисот, поддршка и одржување на поредокот за повторно отворање, стабилизирање на трговијата и инвестициите и зајакнување на трошоците.

 

Предупредување до Израелците да не патуваат во Турција

 

Акцискиот план вклучува финансиско олеснување за индустриите погодени од Ковид преку намалување на даноците и таксите.

За да се промовира целосно закрепнување, во планот се вели дека ќе им бидат понудени повеќе поддршка и услуги на бизнисите, како што се нудење субвенции и усогласување на логистиката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Планирани се низа мерки, меѓу кои субвенции, попусти и даночни намалувања, со цел да се зголеми потрошувачката, особено купувањето на автомобили и апарати за домаќинство.

Loading...

 

Кинез ја прекинал изолацијата, па 5.000 луѓе морале во карантин

 

Шангај полека се отвора, откако 25-милионскиот град беше затворен околу два месеци поради мерките против Ковид 19.

До средината на јуни, градските власти на Шангај најавуваат дека целосно ќе ја вратат нормалната работа и секојдневниот живот низ градот со рутински мерки за спречување и контрола на Ковид 19, притоа строго спречувајќи секакво повторување на епидемијата.