12.02.2019 09:21

Северниот магнетен пол се поместува се побрзо, навигациските системи реагираат


Северниот магнетен пол на Земјата непрестано се движи и секоја година се поместува околу 50 километри, за што се информираат од Гугл мапите до американската војска, но тоа и ги плаши, пишува Бизнис инсајдер.

Северниот магнетен пол на Земјата долго фасцинира и помалку ја плаши глобалната научна заедница. Оваа точка, која не треба да се поврзува со географскиот север, е клучна за навигацијата на бродови, авиони и подморници. Во текот на изминатите децении, Северниот магнетен пол се поместувал кон Нунавут, Канада, а во последно време северно кон Сибир.

– Се движи отприлика 50 киломгетри годишно. Не се поместуваше многу помеѓу 1900 и 1980 година, додека во последните 40 години доста забрза, кометирал член на Британскиот одбор за геолошки истражувања во Единбург.

Причината поради која сите го следат Северниот магнетен пол е затоа што е исклучително важен за европската и американската војска, со оглед дека од него зависат скоро сите нивни навигациски системи.

Комерцијалните авиокомпании, Гугл мапс и ГПС на секој смартфон исто така го користат овој модел со кој ги наведуваат корисниците и им помагаат при откривањето на локации.

Британскиот одбор за геолошко истражување и Државната администрација за океани и атмосфера издаваат надоградба за Глобалниот магнетен модел и со тоа обезбедуваат ГПС системите и компасите и натаму да покажуваат кон исти референтни точки.

Следната голема надоградба била предвидена за 2020 година, но Северниот магнетен пол имал други планови. Во 2018 година од непознати причини за научниците започнал да се движи побрзо. Што и да била причината, институциите како што се американските воени сили побарале побрзо ажурирање, кое е направено на 4 февруари годинава, пренесува Бизнис инсајдер.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments