Северна Кореја забрани жителите да носат кожни капути за да не го имитираат лидерот

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја им забрани на граѓаните да носат кожени палта, откако тој моден детаљ стана миленик на лидерот на земјата Ким Џонг-ун.

Loading...

Ким за прв пат облече кожен капут во 2019 година, а оттогаш тој дел од облеката стана популарен меѓу елитата на Северна Кореја, која сакаше да ја покаже својата лојалност кон лидерот, објави „Дејли мејл“.

 

 

Неодамна, сепак, имитациите станаа се почести и „модна полиција“ беше испратена да ги затвора продавниците што продаваат кожени палта и да ги тргне од луѓето на улица, поради загриженоста дека овие „фалсификати“ би можеле да го направат изгледот на Ким евтин и да го поткопаат авторитетот.

Полицијата вели дека носењето капут со цел некој да изгледа како лидер е „несоодветен тренд“ што го оспорува авторитетот на Ким.

Владата и порача на јавноста да не носи кожени палта, бидејќи тоа е дел од партиската директива, да се одлучи кој може да ги носи“, изјави извор за Радио Азија фри.

Loading...

 

 

Слични верзии на палтото како првото на Ким почнаа да се појавуваат во септември оваа година, кога трговијата меѓу Кина и Северна Кореја неофицијално повторно беше отворена, по пауза од пандемијата.

Ова им овозможи на трговците да почнат да набавуваат синтетичка кожа и вистински палта.

Радио „Слободна Азија“ тврди дека имало увид во увозните документи од претходните месеци од кои се гледа дека се увезени десетици метри материјал.